Насловна Актуелно Вести Одржан состанок со ангажираните невработени лица преку Програмата општинско корисна работа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одржан состанок со ангажираните невработени лица преку Програмата општинско корисна работа

Денеска во салата на општина Берово, Градоначалникот и Раководителот на ЛЕР, одржаа состанок со ангажираните невработени лица преку Програмата општинско корисна работа.

На состанокот беа договорени условите и начинот на ангажирање на лицата, од кои дел се вклучени во помош и поддршка на стари лица, дел како поддршка на лица со попреченост и дел како образовни асистенти.

За двете компоненти за кои општината аплицираше, ангажирани се вкупно 19 лица, од кои 12 во оперативната програма и 7 во Програмата поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Градоначалникот Пекевски на сите им посака пред се добро здравје и запазување на сите мерки и протоколи при извршувањето на своите ангажмани, успешно да ги извршуваат своите задачи и да имаме задоволни крајни корисници.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии