Насловна Актуелно Вести КОНКУРС бр. 01/2020 за доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

КОНКУРС бр. 01/2020 за доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово

 

Врз основа на Одлуката на Совет на Општина Берово за доделување на стипендии на 10 (десет) талентирани ученици во ОСУ “Ацо Русковски” Берово за учебната 2020/2021 година, со бр. 09-2370/1 од 29.7.2020 година и Правилникот за начинот и посебните критериумиза доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово, Бр. 09-2371/1 од 29.7.2020 година, Општина Берово, на ден 9.9.2020 година, распишува :

КОНКУРС бр. 01/2020

за доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици

во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово

 

Општина Берово во рамките на учебната 2020/2021 година , ќе додели месечна стипендија во износ од 2.000,00 денари, на 10 талентирани ученици во ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово, во период од 9 (девет) месеци (или колку што трае учебната 2020/2021 година )со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно - образовната работа и слободните активности, да го афирмираат училиштето и општината во државни и меѓународни рамки.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија имаат талентирани ученици кои постигнале особени резултати во воспитно образовната работа и слободните активности и го афирмираат училиштето и општината во државни и меѓународни рамки.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Учениците кои конкурираат за стипендија, се должни да достават пријава

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

со која во прилог ги доставуваат следните документи:

- Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или фотокопија заверена на нотар (не постаро од 6 месеци);

- Фотокопија од свидетелства (заверени на нотар):

за завршена прва година во ОСУ„Ацо Русковски“ Берово (за учениците од втора година),

за завршена прва и втора година во ОСУ„Ацо Русковски“ Берово (за учениците од трета година)

за завршена прва, втора и трета година во ОСУ„Ацо Русковски“ Берово (за учениците од четврта година);

- Потврда од училиштето дека ученикот/чката е запишан/а како редовен ученик во ОСУ„Ацо Русковски“ Берово во тековната учебна година(оригинал);

-Потврда за примерно поведение во текот на средното образование(оригинал);

- Документ кој потврдува учество и освоени награди на индивидуални државни натпревари организирани од акредитирани здруженија, интернационални натпревари и олимпијади(оригинал или фотокопија заверена на нотар).

-Фотокопија од трансакциска сметка на ученикот/чката (доколку ученикот/чката нема сопствена трансакциска сметка, тогаш доставува фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателот и фотокопија од личен документ за идентификација од родителот/старателот на чие име е трансакциската сметка);

-Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на општинската веб страна;

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

-Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на општинската веб страна ;

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

-Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство, објавена на општинската веб страна;

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

Корисникот на стипендијата на општина Берово, ја користи стипендијата врз основа на склучен Договор со Општина Берово, со кој подетално ќе се уредат меѓусебните права и обврски, помеѓу давателот и корисникот на стипендија.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документите да се достават во хартиена форма, директно во архива на општина Берово, или по пошта со назнака во горниот лев агол на пликото„ Пријава на Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ОСУ„Ацо Русковски“ Берово“, на адреса „Општина Берово, ул.„Димитар Влахов“ бр.10, Берово“.

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на општинска стипендија, е најдоцна до 21.9.2020 година.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да се разгледуваат и бодуваат.

За информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите, сите зантересирани можат да се обратат до Одделението за јавни дејности при општина Берово.

Конкурсот ќе биде објавен:

-на веб страната на Општина Берово и социјалните мрежи на Општина Берово

-на огласна табла во Општина Берово,

-на огласна табла во ОСУ ,,Ацо Русковскиво Берово

Лица за контакт: Биљана Марковска 078/308-812

Биљана Каламадевска 071/580-899

 

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии