Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски потпиша Меморандум за соработка за унапредување на шумите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот Пекевски потпиша Меморандум за соработка за унапредување на шумите

Денес, градоначалниците на општина Берово, општина Пехчево и ЈП„Национални  Шуми“,  во Едукативниот  Центар за зачувување на природата, во с. Негрево, потпишаа  Меморандум за   соработка за   спроведување   на   пилот   Регионалниот  план за унапредување со шумите во Малешевскиот регион, со  Акциски  План 2020 – 2025.

Со   овој меморандум,  се   дефинира   соработката   помеѓу трите   страни, за   реализација   на   мерките предвидени во РПУШ во Малешевскиот регион.

Регионалниот  план за унапредување  со шумите во Малешевскиот регион, со Акциски План 2020 – 2025, претставува прв регионален план, кој се изработува за одреден микро регион во нашата држава, со  партиципативен  пристап  на  сите   клучни чинители  и  земајќи ги во предвид различните функции на шумата.

Овој Регионален план за унапредување со шумите, е подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската  агенција  за развој  и соработка   (SDC),  координиран   од   Фармахем  и истиот е усвоен како стратешки документ за шумите на општина Берово и општина Пехчево.

РПУШ во Малешевскиот регион со Акциски План 2020 – 2025, е развоен стратешки план, со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот.

Овој  план  за Малешевскиот регион, претставува  водич, со  кој се  утврдува идната насока за одржливото управување со шумите и шумските предели во регионот, врз основа на трите   столбови   на   одржливото   управување   со   шумите: економска   вредност   на шумите, биодиверзитетот (зачувување на природата) и социо-економските вредности.

Потписниците   на   Меморандумот   за   соработка, ја искористија   приликата   да   истакнат   дека подготовката на еден ваков, сеопфатен план за унапредување на шумите, ќе придонесе кон главната   цел,   односно   да   го   поддржи локалното   население   во   нивниот   одржлив   развој, користејќи ги вредностите на шумите на одржлив начин, а во исто време да биде во сооднос со   севкупните   трендови   во шумарството   на   европско   ниво,  кои   вклучуваат просторно планирање и управување со пределот, согласно Пан-европските критериуми и индикатори.

Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) со Акциски план 2020-2025, беше усвоен како стратешки план на 33 Седница на Советот на општина Берово, одржана на 13.5.2020 како и од Советот на општина Пехчево, на 29 Седница, одржана на 5.5.2020 година.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии