Насловна Актуелно Вести Субвенционирање на првачињата од двете основи училишта во Берово и учениците од прва година средно образование

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Субвенционирање на првачињата од двете основи училишта во Берово и учениците од прва година средно образование

Првачињата кои учебната 2020/2021 година, ќе се запишаат во двете основни училишта ООУ,,Дедо Иљо Малешевскии ООУ ,,Никола Петров Русински во Берово и учениците од прва година средно образование,  кои своето школување ќе го продолжат во ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, годинава, ќе добијат по 2.000,00 денари, како еднокрaтна парична поддршка, на почетокот на учебната година.

Ова е нова мерка, која општина Берово ја спроведува во рамките на Програмата за социјална заштита за 2020 година.

За успешно спроведување на оваа активност, при запишувањето на учениците од прво одделение и прва година средно образование, истите, потребно е да достават фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка, на еден од родителите.

Потврдата за запишан ученик во учебната 2020/2021 година, ќе биде обезбедена од училиштата.

 

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии