Насловна Актуелно Вести Честитка од Градоначалникот Пекевски до сите матуранти

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Честитка од Градоначалникот Пекевски до сите матуранти

Драги матуранти,

Со особена чест и задоволство, упатувам срдечни честитки, по повод вашето матурирање и влегување во светот на возрасните.

За жал, пандемијата и вонредната состојба, во која се наоѓа не само нашата држава, туки и цел свет, не дозволија вашето матурирање да се одбележи традиционално, но вашите професори и родители, направија се, до овој момент, цврсто да стоите на нозе.

Сега е вашиот ред. Посакувам овие денови кои требаше да бидат прекрасни и незаборавни, да ги поминете во добро здравје и вашиот младешки потенцијал, да го насочите кон позитивните човечки вредности.

Вашата младост е движечката сила на општеството, а Вие сте иднината на општина Берово.

Затоа појдете по патот на знаењето, бидејќи тоа ќе ви обезбеди подобар живот и ќе ви овозможи успешно да се справите со предизвиците на новото време.

На патот кој што е пред Вас, Ви посакувам, пред се многу среќа и успех на личен и професионален план.

Драги матуранти, Ви ја честитам матурата и Ви посакувам матурата да биде првото скалило на патот кон вашиот успех.

Градоначалник на Општина Берово

Звонко Пекевски

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии