Насловна Актуелно Вести Внатрешно ќе се уредува третата ламела од Домот за стари лица во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Внатрешно ќе се уредува третата ламела од Домот за стари лица во Берово

 

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, а преку Центарот за развој на источно плански регион, внатрешно ќе се уредува Третата ламела од Домот за стари лица во Берово.

 

Општина Берово учествуваше на регионални форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион .

Форумскиот процес е прекинат, заради состојбата со КОВИД 19, направен е исклучок во процесот, а заради продолжување со проектните активности, на регионалните форуми, донесена е одлука, да не се одржат преостанатите сесии, односно да се прифатат дефинираните пет предлог идеи, од предложените проекти на првата и втората форумска сесија.

Комисијата, одговорна за евалуација на проектите, составена од двајца членови од Швајцарската амбасада, два члена од Министерството за локална самоуправа и еден член од кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, одлучи средствата во износ од 6.873.571,00 денари, од кои 3.505.143,10 се од Швајцарската агенција за развој и соработка, а останатите 3.368.427,90 од Министерството за локална самоуправа, да ги додели на Општина Берово, за Внатрешно уредување на третата ламела од Домот за стари лица.

Во целокупниот финанскиски круг, општината ќе учествува со буџетски средства, во износ од 426.908,00 денари.

Во меѓувреме, општинската јавна установа за стари лица, заврши со активностите за реконструкција на третата ламела и истата е целосно подготвена, со комплетна проектна документација, да ги користи одобрените средства.

Со внатрешното уредување на третата ламела, ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашкиво Берово, ќе обезбеди 10 нови легла за корисниците и ќе прерасне во уште по сериозна општинска установа, а новите корисници ќе донесат и нови вработувања во установата, со што општината и источниот регион ќе имаат голем социјален но и економски бенефит.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии