Насловна Актуелно Вести Берово доби нов детски парк

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Берово доби нов детски парк

 

Урбаното уредување и новите содржини за децата, но и за возрасните, станаа секојдневна работа на општинските служби, кои иако е време на пандемија, сериозно се подготвуваат за крајот на ограничувањата на движење, со надеж за почеток на туристичката сезона.

 

По повеќе од 10 години, уреден е уште еден простор во општина Берово, кој долги години беше руина и неубава слика, на ул.,,Партизанска.

Поставени се спортски реквизити за деца, клупи за одмор и рекрација, а урбанизирана е исто така и парковска површина на којa се засадени нови зелени површини.

Паркот е изграден во рамките на проект ,,Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување”, кој што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источно плански регион.

Вистинско освежување за очите, на ул.,,Партизанска”, наскоро ќе биде надополнето и со уредувањето на кејот на реката Брегалница, кои активности се во тек преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија- Северна Македонија.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии