Насловна Актуелно Вести Ќе се гради колектор за отпадни води во с. Будинарци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Ќе се гради колектор за отпадни води во с. Будинарци

Општина Берово постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните во градот и населените места. Со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се гради колектор за отпадни води во с. Будинарци.

По распишаниот Конкурс на Министерството за животна средина и просторно планирање, за распределување на средства, за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности, од областа на животната средина за 2020 година, од Програмата за инвестирање во животната средина, на општина Берово и се  одобрени средства за изградба на колектор за отпадни води во с. Будинарци.

Постоечката мрежа за фекална канализација во селото е изградена со месен самопридонес. Испусот на фекалната мрежа  на неколку места, е директно во реката Брегалница.

Реализацијата на проектот, предвидува собирање на фекалните води од селото и одвод до локацијата на идната пречистителна станица, за која е изготвен проект. По третманот на отпадната вода, истата пречистена ќе се испушта во реката Брегалница.

Колекторот е со вкупна должина од  околу 1.103  метри и на истиот ќе бидат приклучени сите испусти, кои во моментот се испуштаат дирекно во реката. Предвидени се шахти, на секое вертикално и хоризонтално прекршување на трасата.

Водните ресурси се од големо значење во вкупниот развој на еден регион. Одржливото управување на водите, ќе создаде услови за одржлив развој на самиот регион.

Источниот регион е познат по реката Брегалница, а заштитата на водите во сливот на истата, како на површинските, така и на подземните е императив за сите општини, кои му  припаѓаат на Источниот регион.

Овој проект е во согласнот со Стратегијата за регионален развој (2009-2019година), а реализацијата на истиот, ќе придонесе за намалување на загадувањето на биодиверзитетот, заштитата на здравјето на жителите од с. Будинарци и  воспоставување на инфраструктура со колектор за собирање на отпадни води, а со тоа и директно  подобрување на квалитетот на живот, на жителите од ова село.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии