Насловна Актуелно Вести ,,Врба” на 23 јануари, премиерно во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

,,Врба” на 23 јануари, премиерно во Берово

 

,,ВРБА”- шестиот филм на Манчевски, е величествена македонска филмска приказна, во која се појавува моќно, драматичен еп, за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов.

Филмот, во беровскиот Бизнис инкубатор, ќе се емитува на 23 јануари.

Влезот е 100 денари, а почетокот е закажан за 19:00 часот.

Картите може да ги купите во Музеј на Град Берово, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

 

Делото на Манчевски е многу покомплексно отколку што може да се замисли. Наратив, кој благодарение на неговата необична природа и развивањето на темите е набиен со значење и религиозен/мистичен подтекст, што на „Врба“ ѝ дава вкус на одамна поминати времиња, бајка што боли, на половина пат меѓу минатото и сегашноста.

Приказна која длабоко го почитува животот и оние кои што се дел од него, силни жени и кревки мажи.

Едно од оние дела, кои е невозможно да минат незабележано, еден од најинтересните филмови на Римскиот фестивал и воопшто годинава

Манчевски, мајсторски ги вткајува во едно, нишките на трите приказни, со повторување на мотиви и мали ишарети, кои гледачот може да ги толкува како што милува.

Визуелно, раскошен филм, низ кој се испрепрлетуваат трите приказни, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии