Насловна Актуелно Вести Новогодишна честитка од Градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Новогодишна честитка од Градоначалникот Пекевски

 

Полека но сигурно, зачекоруваме во уште една година, која ќе биде исполнета со предизвици и нови можности.

Претстојните празници, се можност да се потсетиме на вистинските вредности, од кои произлегуваат нашите мисли и зборови, нашите дела и навики, моменти кога празничната атмосфера, не прави поблиски до нашите семејства и пријатели.

Во годината што измина, одговоривме на голем дел од Вашите барања и потреби, по приоритет. Продолжуваме и во следната, со нови сили, заеднички  да го градиме Берово и да го подобруваме животот на граѓаните. Празниците се момент за нова надеж и нова верба, дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас.

Како Градоначалник на Општина Берово, од името на локалната самоуправа и од мое лично име, Ви посакувам среќни празници и се најубаво во Новата 2020 година.

Празничните моменти, нека Ви бидат исполнети со  здравје, среќа, спокој, оптимизам и разбирање.

Ви посакувам убаво и пријатно расположение за време на Новогодишните и Божиќните празници.

Среќна Нова 2020 година!

Ваш Градоначалник,

Звонко Пекевски

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии