Насловна Актуелно Вести Беровската администрација се прикчучи на граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Беровската администрација се прикчучи на граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре”

Ниту дождот и лошите временски услови, не ја спречија беровската администрација, да биде дел од големата акција на Владата ,,Администрацијата чисти заедно со Не биди ѓубре” .

Сепак се работеше во отежнати околности, а беше соберен отпадот од повеќе локации.

Со овој ангажман, надвор од своите канцеларии, беровските административци, воедно, ќе го одработат 2 јануари, со личен придонес, на секој вработен, за почист град и почисти општини, за подигнување на јавната свест, дека и институциите, но и секој граѓанин е одговорен за чиста животна средина.

Во рамки на акцијата, екипи на ЈПКР,,Услуга" и ЈП,,Македонски шуми" посадија над 50 јавори, во централното градско подрачје.

Животната средина е наша заедничка и само со заедничка вклученост и одоговрност, може да си ја зачуваме.

-Сметам дека треба да се работи многу , со цел да се подигне јавната свест на луѓето, за зачувување на животната средина. Сепак и мала акција значи многу за Берово, како туристичко место, кое е закитено со епитетот еко градче, истакна Градоначалникот Пекевски, кој исто така се приклучи кон акцијата.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии