Насловна Актуелно Вести Беровското комунално претпријатие го зголемува опфатот на собирање отпад

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Беровското комунално претпријатие го зголемува опфатот на собирање отпад

 

ЈПКР „Услуга“-Берово го зголемува опфатот за подигнување комунален отпад, на подрачјето на Општина Берово и за прв пат комунални услуги ќе се вршат во с. Двориште.

 

На самото поставување на контејнерите за комунален отпад, во с. Двориште, присуствуваше Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, заедно со Директорот на ЈПКР,,Услуга"- Берово, Илија Рунтевски.

Пекевски истакна дека општината вложила сопствени ресурси, со цел да продолжи воспоставувањето на организиран систем за управување со комуналниот отпад, на територјата на општина Берово.

Пред само неколку месеци, комунални услуги, за прв пат започнаа да се вршат во туристичката населба Суви Лаки, при што во моментот сите населени места се опфатени со услуга за подигнување отпад, која што од страна на екипите на ЈПКР,,Услуга”, се врши, по однапред определен термин.

Справувањето на проблемот со комуналниот отпад, ќе го зголеми квалитетот на живот на граѓаните, а зголемувањето на опфатот на подигнување отпад е една од мерките предвидена во Изборната Програма на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во периодот 2017-2021 година.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии