Насловна Актуелно Вести Со поддршка од ЕУ се збогатува туристичката понуда во Берово и регионот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Со поддршка од ЕУ се збогатува туристичката понуда во Берово и регионот

 

Денеска во Хотел Манастир во Берово, се одржа завршен настан и промоција на подпроект ,,Планински велосипедизам, на Здружението ,,Малешевска коријаво рамките на Проект за локална и регионална конкурентност .

 

На настанот присуствуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и Директорот на канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели.

Овој проект е финансиран со средства од Проектот за локална и регионална конкурентност, кој се реализира со поддршка од Делегацијата на ЕУ и Светска Банка.

Проектот за локална и регионална конкурентност го доби признанието за најдобар реализиран проект од областа на туризмот за 2019 година, кое традиционално се доделува од страна на Министерството за економија.

Според вицепремиерот Анѓушев, проектот се реализира во 3 компоненти: Доделување на средства на општините за подобрување на инфраструктурата за развој на туризамот, поддршка на мали и микро претпријатија и поддршка на разни здруженија и асоцијации во областа на туризмот. Целиот проект е поддржан со 18 милиони евра од Европската унија, а контрубутивно учество има и Владата на РСМ во износ од 3,2 милиони евра. Тој додаде и дека охрабрувачки растат бројките на туристи, а овој проект треба да придонесе за овие бројки да бидат уште поголеми. Целта на проектот е поготово за малите места како што е Берово, младите да можат да најдат своја егзистенција и да не ја напуштаат државата.

Берово е прекрасно место со прекрасна природа, прекрасни верски објекти, убава храна, и сите тие нешта, треба да бидат искористени за да се направи една примамлива туристичка понуда. Со реализацијата на овој проект, се додава уште една содржина, авантуристички туризам со велосипеди. Европската унија секогаш е спремна да помогне за збогатување на туристичката понуда и да биде дел од успешната приказна- истакна Жбогар.

Директорот на канцаларијата на Светска банка, Марко Мантованели истакна дека е големо задоволството кога се гледа исходот од одреден проект, кој е однапред осмислен. Тој додаде дека туризмот и патувањата се најголема и најбрзорастечка услужна инфраструктура во светот, веќе многу важен елемент во Македонија и секогаш постои потенцијал за дополнителни содржини.

Директорот на проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишак, истакна дека проектот овозможува збогатување на туристичката понуда, подобрување на пристапноста, јакнење на капацитетите во секторот туризам и промоција на нашата земја. Подпроектот ,,Планински велосипедизам ќе овозможи висококвалитетен планиснски велосипедизам, преку новонабавените 25 професионални велосипеди.

Пред присутните, од страна на организаторот на настанот, Претседателот на Здружение ,,Малешевска корија, Дина Муцунска, следеше презентација на проектот, со доловување на сите содржајни пропратни елементи од културна понуда, планински велосипедизам, зачувување на традиционалните занаети, преку здравата и традиционална храна.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии