Насловна Актуелно Вести Во Берово, пуштена во употреба новата пешачка патека на река Брегалница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово, пуштена во употреба новата пешачка патека на река Брегалница

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Директорот на Центарот за развој на источно плански регион, Драгица Здравева, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски, денеска во Берово, заедно со присутните Советници и граѓани, го означија пуштањето во употреба на уреденото речно корито и новата пешачка патека на река Брегалница.

Заврши изградбата на пешачката патека на река Брегалница и уредување на речното корито во Берово, од кафтански мост од лева страна, преку дрвениот мост од другата страна, па се до  зградата на ул,,Партизанска”од двете страни.

За реализација на овој проект 6 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, од програмата за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на Источно плански регион и 1 милион денари се обезбедени од  Буџетот на општината.

Беровчани, рекреативците, спортистите, пензионерите но и  туристите кои престојуваат овде, добија нов, уреден и опремен простор со комплетна урбана опрема,  што можат да го  користат како простор за рекреација.

-Преку реализацијата на овој проект е урбанизиран еден доста руиниран дел од Берово, ја збогатуваме туристичката понуда, ја зголемуваме безбедноста на пешаците, воведуваме нови содржини, во рекреативна и спортска смисла а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа на кејот на река Брегалница. Ова е голема инвестиција, која ја заслужуваат жителите на Берово- истакна Градоначалникот Пекевски.

Тој додаде дека, во согласност со временските услови, ќе се работи и на уредување на речното корито, со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, при што, Кејот на река Брегалница ќе добие сосема друга слика.

Министерот Милевски, истакна дека ваквите проекти се од големо значење за жителите на општината и за развојот на туризмот, посочувајќи дека средствата за рамномерен регионален развој,оваа година Владата  ги има дуплирано, од  35 милиони евра во 2017, на 70 милиони евра во 2019 година и со ваква зголемена динамика ќе продолжи и во иднина.

Со овој проект се подобрува целокупната слика за Берово и регионот, како туристички атрактивна дестинација, а новите содржини ќе овозможат развој и на останатите економски гранки.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии