Калта од ул.,,Којова Ливада”, во Берово, заминува во историјата
Калта од ул.,,Којова Ливада”, во Берово, конечно се заменува со асфалт.
Во рамките на активностите на Општина Берово од Прогрмата за изградба на улици и патишта, денеска започна да се асфалтира улицата, во должина од 380 метри и 3,5 метри широчина.
Заради безбедбост на теренот на одредени позиции ќе бидат поставени бехатон плочки.
Вкупната сума, која што Општина Берово ќе ја издвои од Буџетот за 2019 година, за оваа улица, изнасува 3.401.014,00 денари.