Насловна Актуелно Вести Започнаа активностите на Општина Берово за изградба на улица ,,Прохор Пчињски”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Започнаа активностите на Општина Берово за изградба на улица ,,Прохор Пчињски”

Во рамките на активностите на Општина Берово за подбрување на условите за живот на граѓаните од Ромска националност, започна изградбата на улица ,,Прохор Пчињски-прва фаза.

Жителите од овој дел на градот, конечно ќе добијат соодветна патна инфраструктура, соодветна достапност за итните служби и ќе имаат полесен пристап до градот.

Ќе се изгради улицата со поставување на бехатон плочки, во должина од 340 метри, широчина 4 метри а од левата страна е предвидено поставување на каналети со широчина 0,5 метри.

За реализација на оваа активност, од Министерството без ресор се издвоени нешто повеќе од 3 милиони денари.

Како што е најавено од Министерството без ресор, следната година, со средства во висина од 40 милиони денари, ќе се градат нови станбени куќи, додека 20 милиони, ќе бидат наменети за патишта, канализации и други инфраструктурни зафати.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии