Насловна Актуелно Вести Со донација од нашинец во Германија се подобруваат општинските услуги

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Со донација од нашинец во Германија се подобруваат општинските услуги

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Општина Берово, ги подобрува општинските услуги и условите за учење во училштата, со обезбедување на 56 половни преносни компјутери (лаптопи) Fujitsu LIFEBOOK S Series, кои се донација од Дамјан Карпузовски од с. Русиново- Берово, кој живее и работи во Германија.

 

Донацијата беше поздравена од првиот човек на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој воедно е и организатор за истата и од Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски, кој во името на Советниците при Советот на Општина Берово, упати посебна благодарност до донаторот.

Овие преносни компјутери, ќе бидат од голема важност за Општина Берово, бидејќи ќе овозможат подобрена настава за учениците во селските населби, при што се планира поголем дел од истите да бидат дадени на користење во подрачните училишта на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски и на ООУ,,Никола Петров Русинскиво с. Русиново.

Ова е пример, како се сака родното место и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат за хуманитарни цели.

Ваквата хуманост, треба да биде пример за сите стејхолдери на општеството, во потрагата по подобро утре за поединецеот а преку тоа и за општеството.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии