Насловна Актуелно Вести ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа за документот “План за за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа за документот “План за за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија

 

Во рамки на “Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура Општина Берово аплицираше со проект за реконструкција на улици во село Двориште. Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

 

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Берово (http://opstinaberovo.gov.mk).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна до Г-ѓа Харита Пандовска на следната е-mail адреса: harita.pandovska.eip@mtc.gov.mk или во печатена форма да ги испратите на следната адреса: Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Даме Груев бр. 6 , 1000 Скопје.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Берово ќе организираат јавна расправа на ден 13.11.2019 со почеток во 14.30 часот. Јавната расправа ќе се одржи во просториите на подрачното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски,, во село Двориште во Општина Берово.

Записник од јавната расправа ќе биде испратен до сите заинтересирани кои доставиле коментари преку нивните контакти (доставените е-mail адреси/поштенски адреси).

ПРЕЗЕМИ: КОНТРОЛЕН СПИСОК НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАШАЊА (ПУЖССП)

 

 

Министерството за транспорт и врски

Република Северна Македонија

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии