Насловна Актуелно Вести Интензивно се гради пешачка патека на река Брегалница во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Интензивно се гради пешачка патека на река Брегалница во Берово

 

Интензивно се гради пешачка патека на река Брегалница и се урбанизира овој дел од градот, во рамките на проект ,,Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување”, кој што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источно плански регион.

 

Се врши изградба, уредување и осветлување на пешачко велосипедска патека на река Брегалница, од кафтански мост од лева страна, преку дрвениот мост од другата страна, па се до зградата на ул,,Партизанска”од двете страни, после изградениот дел.

Со овој проект, покрај тоа што ќе се подобри сликата за Берово и регионот , како труистички атрактивна дестинација, ќе се овозможи развој и на останатите економски гранки.

Ќе се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово, а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа по кејот на река Брегалница.

Овој проект е од огромно значење за општината и значи и нов инпут во развојот и стратешките определби на Берово, како препознатливо туристичко место, истакна Звонко Пекевски, Градоначалник на Општина Берово.

7 милиони денари за реализација на овој проект се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, додека 1 милион денари ќе бидат кофинансирани од Буџетот на општина Берово.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии