Насловна Актуелно Вести Беровските првачиња примени во детска светска организација

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Беровските првачиња примени во детска светска организација

 

Со свечена програма под мотото ,,Имаме право на среќно детство”, беровските првачиња денеска станаа дел од Детската светска организација.

Постарите ученици на сцената во Бизнис инкубаторот во Берово, им подготвија приредба, со што на нивните помлади другарчиња, им посакаа добредојде и им го честитаа приемот во Детската организација.

 

Пред присутните со свои пораки за почитување на детскиот свет, се обрати и Директорот на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски, Наташа Аврамска.

Вложувањето во децата е вложување во иднината и сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество.

Општина Берово е цврсто определена да ги следи препораките за креирање на свет по мерка на детето.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, на сите првачиња им го честита приемот во детската организација посакувајќи им да ги слушаат своите наставници и родителите и од нив да ги прифаќаат сите позитивни навики.

Првачињата ја положија свечената заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Детската организација.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии