Насловна Актуелно Вести Започна асфалтирањето на локалниот пат с. Владимирово- с. Мачево

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Започна асфалтирањето на локалниот пат с. Владимирово- с. Мачево

 

Општина Берово започна со градежните активности за асфалтирање на локалниот пат с. Владимирово- с. Мачево, инвестиција вредна 18.074.949,00 денари, од кои 15.682.676,00 се обезбедени преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која што ја спроведува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а останатите се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

 

Паралелно со асфалтирањето се врши ископ на канали за одводнување долж целата траса и се изведуваат нови цевасти пропусти.

Локалниот пат с. Владимирово- с. Мачево е изграден во 1996 година и оттогаш до денес не е реконструиран. Овој пат е многу важен за локалното население, за пристапноста за земјоделците до нивните земјоделски имоти, за намалување на трошоците за транспорт и за подобрување на квалитетот на руралното живеење.

Реконструкцијата на овој пат треба да заврши на почетокот на месец ноември, годинава.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии