Насловна Актуелно Вести ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник

ОСУ„Ацо Русковски“ од Берово, во петокот го одбележа патрониот празник во чест на 66 години, средно образование во Малешевијата и во чест на раѓањето на својот патрон Ацо Русковски.

Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово беше одбележан со свечена програма во холот на училиштето која започна со интерпретација на химната .

Свое обраќање имаше директорот на ОСУ „Ацо Русковски“, Сашко Корчовски, кој ги поздрави гостите и сите присутни и накратко ги презентираше постигнувањата на училиштето во изминатиот период .

Во културно-уметничкиот дел, со своја програма се претставија членовите не КУД “Димитар Беровски“, додека учениците ја покажаа својата креативност со изведба на повеќе музички точки, неколку рецитали во чест на патронот и изведба на драмата ,,Бегалка”.

По завршувањето на свечената програма, празнувањето продолжи со полагање на свежо цвеќе пред бистата на „Ацо Русковски“.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии