Насловна Актуелно Вести Во рамки на локалните акциски планови за Ромите, поставена гумена подлога под детските реквизити во паркот во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во рамки на локалните акциски планови за Ромите, поставена гумена подлога под детските реквизити во паркот во Берово

 

Како дел од активностите за збогатување и уредување на просторите за игри и рекреација на жителите во градот Берово, вклучувајќи ги и оние најмалите, деновиве се изврши поставување на гумена подлога на детските реквизити за игра поставени во градскиот парк во Берово кои беа донирани од компанијата Зегин.

 

Гумените плочки кои се со димензија 40х40 сантиметри и дебелина од 2 сантиметри се поставени на површина од 73 м2, преку кои е опфатен и новоизградениот летниковец кој се наоѓа во непосредна близина на детските реквизити.

Со поставувањето на заштитната гумена подлога се допринесува за поголема безбедност со тоа што истата ги намалува повредите на дечињата, а исто така е лесна за одржување и чистење и претставува одлична замена за старите типови на нехигиенски подови.

Реализацијата на овој проект е овозможена преку Буџетот на Владата на РСМ за 2019 година, од средства наменети за  поддршка на имплементацијата на  локалните акциски планови во единиците на локална самоуправа каде такви планови се усвоени, а се изработени врз основа на  Стратегијата за Ромите во РСМ 2014 – 2020 година .

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии