Насловна Актуелно Вести По вторпат во Берово се организира Streetball турнир

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

По вторпат во Берово се организира Streetball турнир

Центар на градските случувања на 9-ти и 10-ти август во Берово се спортските терени Стара Гимназија каде по вторпат се одржува турнирот во улична кошарка три на три “Berovo Streetball 2019“, кој побуди голем интерес претходната година преку одличната организација и забава која ја пренесуваше урбаната култура со звуците на Old School HIP HOP музиката.

Почетокот на кошаркарскиот турнир кој е во организација на здружението на граѓани “Академија ФК Малеш Вардар-Берово” го означи градоначалникот на Општина Берово, кој пред присутните беровчани и гости од републиката и пошироко, го истакна задоволството од организацијата на еден ваков настан во Берово.

“Овој спекталк минатата година разбуди многу емоции, жар и пред се дружење. Собра огромна публика и побуди голем интерес меѓу Беровчани, поради што ќе остане незаборавно спортско дружење кое недостасуваше во нашиот град.“ – истакна Пекевски.

Инаку оваа година на турнирот Berovo Streetball 2019 учествуваат 15 екипи распоредени во четири групи. Во сите четири групи прво пласираните и второ пласираните продолжуваат во четврт финалето. Сите екипи во група играат меѓусебно по еден натпревар.

Организаторите најавија награди за најуспешните три екипи, како и за најкорисниот играч на турнирот (MVP), а ќе има можност и за публиката која ќе се натпреварува во фрлање за 3 поени, како и многу други изненадувања.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии