Насловна Актуелно Вести 135.000,00 денари доби ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Фондот за иновации и технолошки развој

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

135.000,00 денари доби ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Фондот за иновации и технолошки развој

 

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во учебната 2018/2019 година, доби финансиска поддршка, од Фонд за иновации и технолошки развој, во вредност од 135.000 денари, за изработката на Автоматски регулатор на водостојот при систем ,,капка по капка”.

 

Имено, по отворен повик од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, комисијата за избор, одлучи финансиски да биде поддржан, проектот на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”.

Во изработка на макетата учествуваа учениците, наставниците и родителите, а истиот се реализираше во текот на учебната 2018/19 година.

Инвестицијата, како што истакна творецот на макетата, професор Сузана Гашчеовска е минимална и лесно применлива особено во станбени објекти.

-Овој проект е многу наменлив, особено во објекти во кои што не се живее постојано. Направен е на тој начин што може автоматски да регулира, колкаво е количеството на вода во објектот, за да не дојде до голем број на несакани последици. Вишокот на вода, според системот ,,капка по капка” може.да се искористи за наводнување во околината, на растенија, на дрвја и слично. Ова е инвестиција без многу потрошени средства. Со веќе употребени материјали направивме функционална макета со мерење, со мерачи и аларм кој не известува дали нешто е неправилно, во објектот во кој е вграден самиот систем, истакна Гашчеовска.

Ваквиот систем наоѓа примена и во самата деветолетка за што училиштето вложило напори, за изработка на макета, по чиј урнек може да се конструира системот за многу поголеми објекти и потоа да се применува во цела околина.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии