Насловна Актуелно Вести Одлични резултати и големи успеси постигнаа учениците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во учебната 2018/2019 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одлични резултати и големи успеси постигнаа учениците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во учебната 2018/2019 година

 

Дека секој успех е триумф на макотрпна работа и труд и дека не постои успех без работа и учење, оваа година докажаа учениците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски, закитувајќи се себе си и училиштето со бројни награди.

 

Голем број ведри и насмеани лица, со уште поголем број медали, дипломи и пофалници, можевме да забележиме на настанот, кој го организираа вработените и директорот од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, на последниот училишен ден.

Учениците ja искажаа својата благодарност до наставниците, за поддршката и насоките кои им ги даваа во текот на нивното учење, а наставниците истакнаа дека благодарение на работата и трудот на учениците, денес може да се пофалат со постигнатите резултати.

Голема благодарност до вработените и до Градоначалникот на Општина Берово, за работата и поддршката во секој момент, упати Директорот на училиштето, Наташа Аврамска, која истакна дека покрај поединечните успеси на учениците, реализирани се и голем број на проекти, од кои дел се чека да бидат одобрени.

Како што посочи таа, во текот на активностите во летниот период, во соработка со Општина Берово, се планира промена на кровната конструкција на училиштето и обновување на фасадата, со што основното училиште во Берово, наредната учебна година ќе ја започне со подобрени услови за учење.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии