Насловна Актуелно Вести Во Берово се одржуваат 24тите регионални спортски игри за пензионери

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово се одржуваат 24тите регионални спортски игри за пензионери

Под мотото ,,Забава-спорт-здравје, денеска во Берово се натпреваруваат 350 пензионери од Берово, Пехчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево,  на 24-тите Регионални спортски игри за пензионери.

 

Пензионерите  се натпреваруваат во различни дисциплини, салонски игри, кои се состојат во шах натпревар, табла, домино и  пикадо, до  атлетски игри, трчање на  далечина, гаѓање со воздушна пушка, тегнење на јаже, скок во далечина,  фрлање кош и шутирање на гол.

Поздравувајќи ги пензионерите, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски им посака добар престој во Берово, убава дружба и забава, фер игра и да победи најдобриот.

Кратко осврт кон  Здружението на пензионери од Берово,  имаше  Станка Трајкова, Претседател на Сојузот на здруженија на пензионери од Македонија, која меѓу другото, истакна дека Здружението на пензионери од Берово, ги започнало своите активности во 1965 година, како граѓанска организација, за денес да прерасне во современа граѓанска асоцијација ,која брои 2500 членови.

Целта на овие игри, како што истакна Претседателот на Здружение на пензионери Берово, Васе Механџиски, е  дружење, спортување и преку спортскиот дух, зачувување на здравјето, а за победниците се обезбедени пригодни награди и благодарници.

На денешните пензионерски спортски игри учествуваат 55 пензионери од Берово, а најстариот учесник е 80 години.

Овие спортски игри, упатија јасна порака дека ,,Не можеме да го спречиме стареењето, но од нас зависи, колку ќе остариме”.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии