Насловна Актуелно Вести Беровските средношколци меѓу најдобрите на ,,Предизвикот за млади истражувачи”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Беровските средношколци меѓу најдобрите на ,,Предизвикот за млади истражувачи”

 

Светилките на Теслини бранови, е проектот на беровските средношколци, кој доби финансиска подршка од Фондот за иновации и технолошки развој, по отворениот предизвик за млади истражувачи, во вредност од 300.000,00 денари.

 

Беровскиот тим составен од 6 ученици : Марио Пеовски, Марија Сирачевска, Евгенија Коловска, Андреј Бубевски, Емрах Реџепов и Алиса Чиндарова, под менторство на професорите Цветанка Пеовска и Владимир Капушевски, се најде помеѓу 14 тимови, од средните училишта, кој беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

На финалниот настан, кој се одржа во градскиот парк во Скопје, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, истакна дека секој денар вложен во млади луѓе, верува дека повеќекратно ќе се врати во општеството.

Комисијата за избор и оценување, одлучи да им додели финансиска поддршка на проектите од дваесет основни и четиринаесет средни училишта од целата држава, меѓу кои се најде и ОСУ,, Ацо Русковски.

На ,,Предизвикот за млади истражувачи’’, учествуваа 88 основни и средни училишта. Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март, со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите и нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.

Добиените средства, учениците од ОСУ,,Ацо Русковски од Берово, ќе ги искористат за изработка на практичен модел, набавка на опрема, електронска табла, лаптоп и обуки.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии