Насловна Актуелно Вести Ученици од с. Митрашинци и с. Будинарци во посета на локалната самоуправа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ученици од с. Митрашинци и с. Будинарци во посета на локалната самоуправа

 

Во рамките на предвидените посети на основните училишта, ученици од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски’’, од подрачните училишта с. Митрашинци и с. Будинарци, со своите наставници и Директорот, ја посетија Општина Берово.

 

 

Во салата, каде што Советот на Општина Берово, ги одржува своите Седници, ги пречека Градоначалникот на Општина Берово и дел од општинските службеници.

Учениците се запознаа со работата и функционирањето на локалната власт, а беа и во кабинетот на Градоначалникот.

Од страна на Градоначалникот им беше објаснето како функционира општината, како се избира Градоначалникот и Советот на Општина Берово.

Учениците се интересираа, поставуваа прашања и се разви една убава дискусија во која беа поставувани прашања од секаков тип. Учениците го прашаа Градоначалникот како поминува неговиот работен ден, прашуваа за прашања во рамките на нивните училишни активности и се интересираа за решавање на одредени комунални проблеми.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии