Насловна Актуелно Вести Берово ги подобрува комуналните услуги за граѓаните

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово ги подобрува комуналните услуги за граѓаните

 

Денеска во Битола, е извршено свечено примопредавање на 10 ровокопачи, кои се обезбедени преку програмата на Европската Унија, за финансирање на руралните средини, која ја имплементира Министерството за финансии а истата е администрирана од Светска банка.

Еден ровокопач е доделен на Општина Берово.

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20, 667 милиони евра.

Во рамките на оваа програма се реализира проектот ,,Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини’’. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи, која е финасирана со средства од Европската Унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно оддржување на инфраструктурата во руралните области.

Ровокопачите се  доделени на 10 општини, кои во група со уште по две општини, зеднички ќе можат да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.


Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии