Насловна Актуелно Вести ЈПКР „Услуга“ ги повикува граѓаните да ги платат заостанатите долгови без камати

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ЈПКР „Услуга“ ги повикува граѓаните да ги платат заостанатите долгови без камати

 

Се известуваат граѓаните на Берово и населените места во општината, кои се приклучени на општинскиот водовод и кои имаат заостанат долг за вода и комунални услуги, дека доколку ги платат долгот и трошоците во целост, или склучат договор за одложено плаќање, ќе бидат ослободени од камата за задоцнето плаќање.

Поволноста се однесува и на извршните предмети, кои се предмет на присилна наплата, доколку се подмири главниот долг и трошоците во целост заклучно со 31.12.2019 година, ќе бидат ослободени од каматата.

Исто така, ЈПКР „Услуга“ Берово како доверител ги ослободува од плаќање, должниците кои врз основа на нотарски платен налог, се задолжени со паричен износ, на име ,,надоместок за доцнење на исполнување на обврска доколку главниот долг и трошоците од издадениот нотарски платен налог, ги имаат подмирено во текот на 2019 година, или ги подмират заклучно со 31.12.2019 год.

Доколку нотарски платен налог, биде предмет на присилна наплата, тој во целост ќе биде наплатен од страна на надлежен извршител.

Оваа поволност граѓаните можат да ја искористат, заклучно со 31.12.2019 година.

На следниот ЛИНК можете да ја преземете одлуката донесена на Управен одбор на ЈПКР „Услуга“ Берово и потврдена со заклучок на Совет на Општина Беровo.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии