Насловна Актуелно Вести Во Берово, одржана партнерска средба во рамките на проект,,Од акција до еднакви права за Ромите"

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово, одржана партнерска средба во рамките на проект,,Од акција до еднакви права за Ромите"

 

Во рамките на проектот ,,Од акција до еднакви права за Ромите", денеска во хотел ,,Манастир" во Берово, е одржана партнерска средба за членовите на акциските групи на заедницата, претставници на локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијатори Роми од Берово, Виница и Штип.

 

Проектот е имплементиран од Асоцијација за демократски развој на Ромите,,СОНЦЕ, во партнерство со Групата за малцински права- ЛОНДОН, финансиски поддржан од Европската Унија.

Целта на оваа средба беше, зајакнување на капацитети, поттикнување на заедничка соработка, подобрување на постоечките иницијативи, за учество во креирање на политики преку размена на идеи, за најдобри практики, дискутирање на можности за подобрување на заеднично одлучување помеѓу акциските групи на заедницата, локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијаторите Роми.

На партнерската средба се направи преглед на поставени приоритети за 2019, преглед на реализирани приоритети и беше креирана заедничка акција помеѓу акциската група на заедницата и единиците на локалната самоуправа.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии