Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со Министерот без ресор Музафер Бајрам

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со Министерот без ресор Музафер Бајрам

Проблемите на Ромската заедница во Берово и можноста за нивно решавање беа темата на разговор на работниот состанок кој го имаше градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски со Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, г-дин Музафер Бајрам и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија г-дин Самка Ибраимоски.

На состанокот на кој присуствуваше и локалниот асистент на МТСП Фирдеска Зекирова беа разгледани актуелните состојби со Ромското население во Општина Берово, со што беа донесени конкретни заклучоци за можноста за решавање и делување од двете страни во повеќе сфери, меѓу кои првенствено во подобрување на условите за живот во инсфраструктурна сфера и домување.

По завршувањето на работниот состанок беше одржана работна средба во салата за состаноци на Општина Берово со претставници од Ромската заедница од Берово, каде директно беа пренесени проблемите со кои се соочуваат Ромите од сите сфери на живеењето.

Заложбите на министерот Бајрам, пратеникот Ибраимоски и градоначалникот Пекевски беа дека во согласност со законските прописи и надлежностите на локалната самоуправа, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства ќе бидат преземени мерки за изработка на проекти од инфраструктурен карактер кои ќе се реализираат како дел од Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија и Стратешките документи за подобрување на условите на живеење на Ромите на Општина берово.

Министерот Бајрам и пратеникот Ибраимоски беа во посета и на Ромското маало во Берово каде беа согледани состојбите со улиците и потребите од решавање на проблеми во водоводната и мрежата за отпадни води.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии