Насловна Актуелно Вести Известување во услови на опасност од циклонот ,,Андреа”, 193 број за итни случаи

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Известување во услови на опасност од циклонот ,,Андреа”, 193 број за итни случаи

 

Општина Берово, превзема мерки за претпазливост во услови на најава за интензивно зафаќање на циклонот ,,Андреа.

Локалниот штаб за заштита и спасување во услови на кризи, формиран од Советот на Општина Берово, под раководство на Градоначалникот, вчера одржа состанок заедно со претставници на АД Водостопанство, Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ и ЈПКР ,,Услуга” – Берово.

 

За престојниот период на состанокот, поделени се задачи за будно следење а состојбата:

-подготвеност на сите служби, во секој момент за справување во итни случаи и навремено санирање на последиците во рамките на своите надлежности

-известување на Македонија пат и Полицијата, за зголемена контрола на ситуацијата

-известување на населените места, да се обрати посебно внимание на критичните места и да се информираат граѓаните за си ги обезбедат своите имоти, во подрачјата околу реките и потоците

Се информираат граѓаните, во итни случаи да се обратат за интервенција на телефонскиот број 193.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии