Насловна Актуелно Вести Честитки по повод Денот на Европската унија и Денот на победата над фашизмот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Честитки по повод Денот на Европската унија и Денот на победата над фашизмот

 

Градоначалникот на Општна Берово, Звонко Пекевски, упати срдечни честитки по повод Денот на Европската унија и Денот на победата над фашизмот.

Зачетоците на одбележувањето на овој ден се во 1950 година, по иницијатива на тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман, кој го презентираше моделот за создавање на единствена Европа.

 

Овој ден претставува можност за потсетување на постигнувањата на ЕУ и повод да се потенцираат европските цели: мир, слобода, демократија, човекови права, просперитет и заедничка работа.

Имајќи ја во предвид моќта на европската идеја да помирува и да обединува, ја користам оваа прилика да ја искажам нашата благодарност за поддршката и насоките што Европската унија и ги дава на нашата држава кон нејзиниот евроинтегративен пат, како и за средствата, инвестирани во нашата општина, со кои го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните.

Општина Берово постојано работи на полето на подобрување на општествено – економските и социјални услови, во насока на приближување на нашиот град до европските стандарди. Во таа смисла, можеме да кажеме дека сме лидер помеѓу општините во државата во искористување на средствата од европските фондови и ИПА програмата.

Да го зачуваме концептот на Европа, заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарна економија, како и за остварување на фер економски можности врз темелите на солидарноста. Носејќи се од начелата на овие вредности можеме да се соочиме со предизвиците на новото време.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии