Насловна Актуелно Вести Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод 7ми мај- Денот на македонската полиција

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод 7ми мај- Денот на македонската полиција

 

Ми претставува посебна чест и задоволство, на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да Ви упатам искрени честитки, по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Голема е одговорноста, да се биде дел од припадниците на полицијата и безбедносните служби. Предизвиците и ризикот со кој секојдневно се соочувате, се дел од Вашиот професионален ангажман, кои ве прави херои, достојни за почит.

 

Граѓаните се свесни за Вашата пожртвуваност и посветеност, за Вашата заложба и професионалноста во чувањето на редот, слободата, демократијата и почитувањето на законот.

Посветеноста кон работата, надополнета со љубовта кон татковината, Ве прави пример за општеството и генерациите што доаѓаат.

Останете засекогаш, еден од најцврстите столбови во државата, гарантирајќи ја нејзината стабилност и безбедност.

Честит празник на сите припадници на полицијата и безбедносните служби.

Со почит,

Звонко Пекевски

Градоначалник на Општина Берово

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии