Насловна Актуелно Вести ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, започна со запишување на ученици во I-во одделение во учебната 2019/2020 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, започна со запишување на ученици во I-во одделение во учебната 2019/2020 година

 

ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, започна со запишување на ученици во I-во одделение во учебната 2019/2020 година.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (односно родени 2013 година).

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2014 година), по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Запишувањето на детето, здравствената установа може да го одлoжи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Извод од Матична книга на родените;

Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа;

Потврда од извршен систематски преглед на оралната празнина, издадена од ЈЗУ Здравствен дом, Берово(за издавање на потврдата родителот е должен да го однесе детето на преглед).

Целосниот оглас, за запишување на ученици во I-во одделение во учебната 2019/2020 година, објавен од страна на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, можете да го преземете на следниот ЛИНК.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии