Насловна Актуелно Вести Берово доби модерен градски пазар

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово доби модерен градски пазар

 

Жителите на Општина Берово, од денеска пазарат во покриен градски пазар, кој ги задоволува сите услови на модерно пазарење.

Новиот пазар, за жителите на општина Берово, но и за продавачите и туристите, ќе значи олеснување на условите на пазарење, засилување и поттикнување на економските активности и подобрување на квалитетот на живот.

 

На барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра, за развој на руралната инфраструктура.

Вкупниот износ на програмата,вклучувајќи го и кофинансирањето, од страна на Владата, изнесува 20,667 милиони евра.

Програмата ја имплементира, Министерството за финансии,а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Овие средства, им се доделуваат на општините, во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.

Во рамките на оваа програма, Општина Берово доби право да користи ЕУ Грант, во износ од 134.857,00 евра, за имплементација на проект ,,Изградба на Зелен пазар во Берово". Вкупниот износ на проектот изнесува 202.742,00 евра и истиот е кофинансиран од страна на општинскиот буџет со 67.885,00 евра.

Пазарот се протега на покриена површина од околу 1800 метри квадратни а објектот се состои од три модули, два продажни делови и влезен дел.

Градскиот пазар во Берово е единствениот пазар на територијата на Општина Берово , кој постојано го користат жителите на општината, посетителите и туристите за време на туристичката сезона.

Пазарот е од големо значење за локалното население,трговците, земјоделските производители, како од економски така и од социјален аспект.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии