Насловна Актуелно Вести Започна реконструкцијата на ул. ,,Гоце Делчев” во с. Русиново

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Започна реконструкцијата на ул. ,,Гоце Делчев” во с. Русиново

Во рамките на активностите на општина Берово, за подобрување на патната инфраструктура во населените места, со почетокот на градежната сезона, започнаа градежните активности за реконструкција и асфалтирање на ул.,,Гоце Делчев”- крак 3, во с. Русиново.

Ќе се асфалтира улицата во должина од 161 метар, широчина 3,5 метри, со асфалтна дебелина од 8см.

Средствата во износ од 1.295.062,00 денари се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2019 година.

Во рамките на овој проект, предвидено е и одводнување на атмосферската вода, со поставување на бетонски монтажни каналети.

Оваа улица, е многу важна за жителите на с. Русиново, бидејќи се користи како пристапна улица до центарот на селото и до основното училиште.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии