Насловна Актуелно Вести Македонија и Бугарија - Соработка без граници

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Македонија и Бугарија - Соработка без граници

Втор форум за експерти од пограничните општини

Институтот за економска политика (ИИП) заедно со Фондацијата Ханс Зајдел го одржаа вториот форум за експерти од пограничните општини во областа на проекти финансирани од ЕУ.

Учесници на билатералната средба одржана во Банско  беа претставници од локалните власти меѓу кои и претставници од Општина Берово и  претставници од невладиниот сектор.

Форумот беше отворен во присуство на заменик  градоначалникот на градот-домаќин Лазар Захов, кој претстави мал дел од стратегијата за претворање на Банско во водечка туристичка дестинација не само во Бугарија, туку и на Балканот. Работниот дел од семинарот започна со информациите во врска со социјално – економската состојба и потенцијалите на пограничните области во Македонија и Бугарија.

Со свои презентации се претставија Надја Јоргова од Институтот за економска политика во Софија и Мелана Гризо од Асоцијацијата за европска интеграција и регионална соработка во Скопје, а деталите околу Програмата за прекугранична соработка беа изнесени од Марија Делевиќ од Министерството за Локална самоуправа во Скопје, и Маргарита Велчев од Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија која ги разјасни начините и процедурите за аплицирањето. Како заклучок на материјалнит дел во првиот работен ден на форумот, Павел Иванов од Советот на министри  разви фрекфентна дебата на тема на процесот на децентрализација, како и дискусија за досегашните добри практики и проблеми при аплицирањето и спроведувањето на прекуграничните проекти помеѓу Бугарија и другите две соседни земји – Романија и Грција.

Вториот ден од форумот беше посветен на презентирање на Структурите за управување со програмата, и беа изнесени подетални информации во врска со заедничкиот секретаријат за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија од страна на Билјана Влаева, експерт во Министерството за регионален развој.

Финалниот збор на билатералната средба го имаше помошник-шефот за развој на Североисточниот плански регион во Македонија Атина Мургашанска, која ја претстрави работата, предизвиците и сценаријата за развој на општините од североисточна Македонија.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии