Насловна Актуелно Вести Се продлабочува соработката со Република Бугарија, Градоначалникот на Општина Струмјани, гостин на 19-тата Седница на Совет на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се продлабочува соработката со Република Бугарија, Градоначалникот на Општина Струмјани, гостин на 19-тата Седница на Совет на Општина Берово

Градоначалникот на Општина Струмјани, Емил Илиев, денеска присуствуваше на 19-тата Седница на Совет на Општина Берово.

Во рамките на посетата на Берово, Илиев беше поканет од страна на Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски да присуствува на Седницата на Совет, во насока на продлабочување на врските и подобрување на соработката помеѓу двете општини.

 

Градоначалникот Илиев, имаше свое обраќање пред Советниците во Советот на Општина Берово и истакна дека двете општини ги спојуват многу работи, задоволен е од досегашната соработка и заедничките проекти и посакува таа соработка да се унапредува и во иднина да бидеме партнери во многу проекти.

Посебно, како што истакна тој очекувам двете општини  да станат уште по блиски, со отварање на граничниот премин Клепало, на кој интензивно се работи и кој конечно се очекува да се случи некаде наредната година. Тогаш двете општини ќе бидат многу блиску и многу полесно ќе се реализираат сите активности– додаде тој во своето обраќање.

 

Советниците укажаа благодарност до Градоначалникот на Општина Струмјани, за неговото присуство и заеднички договрија средба на Советите на двете општини, со цел секој да го прифати подобриот начин  на работа и да се реализираат проекти од витално значење за општините од двете страни на границата.


Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии