Насловна Актуелно Вести Подршка на нови проекти од Швајцарската Влада за Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Подршка на нови проекти од Швајцарската Влада за Берово

На база на досегашната успешна соработка на Општина Берово со Амбасадата на Швајцарија и успешно реализираните проекти се отвараат можности за подршка на нови проекти.

Во Општина Берово престојуваа швајцарски консултанти кои работат во областа на животната средина и инфраструктурата ангажирани од Швајцарската Влада – Агенцијата СЕКО, кои одржаа состанок со претставници од локалната самоуправа во Општина Берово и директорот на ЈПКР „Услуга“ Љупчо  Дракалски.

Целта на состанокот беше скенирање на можностите и потребите на регионот за реализирање и подршка на проекти за заштита на реката Брегалница и заштита на животната средина.

Консултантите беа заинтересирани за проектите кои досега се реализирани или се реализираат со помош на Швајцарската Влада како што е  проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем – Берово“ кој е во завршна фаза и проектите изгласани од Програмата „Форуми во Заедницата“ на коишто донатор на дел од средствата е Швајцарската Агенција за Обнова и Развој.

На состанокот беа дадени предлози од општината за подршка на проекти за опфаќање на населените места кои не се приклучени во пречистителната станица за отпадни води и изградба на мали колектори за селата Митрашинци, Мачево и Будинарци – примери за проекти кои ги работи Швајцарската Влада во Бугарија, решавањето на прашањето за водоснабдување на туристичката населба Беровско Езеро, како и други проекти кои ќе придонесат за заштита на она по што е познато Берово, а тоа е природата.

Покрај тоа консултантите беа во посета на селата Митрашинци, Мачево и Будинарци за коишто конкретно се зборуваше на состанокот, во посета на Пречистителната станица и на улицата „Маршал Тито“ кој е проект во фаза на реализација.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии