Насловна Актуелно Вести Одржано Собрание на Здружение на пензионери Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одржано Собрание на Здружение на пензионери Берово

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска присуствуваше на седницата на Собранието на ЗП Берово, во Домот на пензионерите во Берово.

Тој ги поздрави пензионерите и им посака во добро здравје и во идните органи да бидат присутни и заеднички да градиме партнерски односи во насока на подобрување на условите за пензионерите.

 

Од страна на Претседателот на здружението, Љупчо Готовски, на седницата, беше презентиран извештајот за работа за 2018 година  на Здружението и неговите тела.

Од извештајот јасно се гледа дека Здружението на пензионери Берово, во текот на 2018 година во целост ги исполнило програмските цели, при што во изминатата година реализирани се повеќе актовности.

Членови од Здружението, активно учествуваат на регионалните пензионерски спортски игри во Кочани, по што се пласира со неколку членови и учествува и на  републички спортски игри во Радовиш.

Членови од Здружението учествуваат и на регионална музичка ревија во Македонска Каменица, преку хорот, оркестарот и пеачката група Русинки.

Оркестарот и хорот, зедоа учество и на меѓународниот фестивал,,Малешево пее и танцува'' во Микрево, Р. Бугарија.

Во текот на 2018 година заменет е дотраениот парен котел во зградата,  со нов котел на цврсто гориво.

Исто така Здружението реализира и доста излети и екскурзии како во земјата така и во соседна Р. Бугарија, со голем број членови.

На седницата збор зедоа директорот на Фондот за пензиско инвалидско осигурување и директорот на Фондот за здравствено осигурување.

На Седницата на Собрание на ЗП Берово, беше гласано и за завршната сметка за 2018 година, а истата беше затворена со презентација на реализираните но и на планираните активности.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии