Насловна Актуелно Вести Во Берово, отворени Работнички спортски игри во мал фудбал 2019

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово, отворени Работнички спортски игри во мал фудбал 2019

Вечерва во Берово се отворени Работнички спортски игри во мал фудбал 2019 година.

Игрите ги отворија претставници на Општина Берово, кои воедно се организатори на настанот.

 

Оваа година на игрите ќе земат учество 12 екипи од Берово и Пехчево, поделени во две групи, по 6 екипи.

По завршувањето на групите со ждрепка, ќе бидат определени двојките за полуфиналето од првопласираните две екипи од двете групи.

За првопласираните екипи како и за најдобар играч, стрелец и голман на турнирот се обезбедени пригодни награди од Општина Берово.

,,Турнирот има за цел подобрување на соработката меѓу институциите во Општина Берово и Пехчево и подигање на спортскиот дух на граѓаните на двете општини.’’-истакна Новица Печински прогласувајќи го турнирот за отворен.

Првото коло официјално започна со екипите на  МВР-Берово  -  ПШС,,Малешево,, Берово.

Веднаш после нив играа    Приватни фирми Берово -Гранична полиција, понатаму се стретнаа екипите на Општина Берово и основен суд-Такси возачи, после кои играа ПШС,,Равна река,,  Пехчево -Жито Малеш Берово, во моментот играат АВРМ(Активни баратели на работа)  -  Фагус а вечерта ќе ја затворат екипите на ЈПКР Услуга Берово  -   Малешевски еснафи  Берово.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии