Насловна Актуелно Вести Учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски’’ во поддршка на кампањата Safer Internet Day

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски’’ во поддршка на кампањата Safer Internet Day

 

ООУ „Дедо Иљо Малешевски’’ во поддршка на кампањата Safer Internet Day (Ден за безбеден интернет) на 5ти Февруари организира работилница, во која беа вклучени голем број ученици кои активно учествуваа со своите креативни идеи.

 

Целта на оваа кампања, која е поддржана и од Европската Комисија е да се создаде побезбеден и подобар интернет, каде што секој се мотивира да ја користи технологијата одговорно и со почит како и да размислува критички и креативно.

Rаботилницата е организарана во 3 работни групи:

- Деца (8-10 год).;

-тинејџери (14-15) и

-возрасни (25+)

Оваа кампања се стреми да допре до децата, младите, родителите, наставниците и пошироко за да се поттикне секој да го одигра својот дел во создавањето на подобар интернет.

Со славење на позитивната моќ на интернетот, слоганот на кампањата: „ Заедно за подобар интернет„ ги охрабрува сите да се придружат на движењето, да учествуваат и максимално да го искористат потенцијалот на интернетот, да ги зближува луѓето.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии