Насловна Актуелно Вести Премиерот Никола Груевски одржа трибина во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Премиерот Никола Груевски одржа трибина во Берово

Во рамките на годишната  програма за посета на поголемите места во Република Македонија, Претседателот на Владата на РМ г-дин Никола Груевски  одржа трибина во Берово во присуство на дел од министрите во Владата на РМ,

Пратеници во Собранието на РМ, Градоначалникот на Општина Берово г-дин Драги Наџински и Директори на Јавни Институции.Целта на трибината беше рекапитулација на она што го има сработено оваа Влада од доаѓањето на власт во 2006 год., како и плановите и програмите за понатамошното работење на Владата.

Премиерот во своето обраќање ги истакна заложбите на Владата за надминување на кризата и анти-кризните мерки кои ги донесе во 2009 година, и благодарение на успешното работење истакна дека Македонија е една од ретките земји која многу добро се снајде со кризата со еконимски пад од само 0.7 %,  што претставува трет најмал економски пад во Европа.

Покрај тоа, ги потенцираше и ветувањата во предизборната програма во која беше ветено дека земјоделските субвенции од година во година ќе се зголемуваат,  и иако Македонија претрпе една кризна година, не беше дозволено скратување на средствата наменети за македонското земјоделство како анти-кризна мерка.

На обвинувањата на опозицијата дека оваа Влада премногу троши, Премиерот изјави дека буџетскиот дефицит за 2009 година изнесува само 2% , што претставува втор најмал буџетски дефицит во Европа.

Министерката за Внатрешни Работи г-ца Гордана Јанкуловска  во своето обраќање го презентираше работењето на Министерството како и акциите кои беа изведени за спречување на криминалот, додека заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања г-дин Владимир Пешевски се задржа на актуелната економска политика и  привлекувањето на странските инвеститори.

Вториот дел од трибината беше наменет за прашањата на  присутните кои беа претежно од локален карактер.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии