Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со европратеникот Андреј Новаков

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со европратеникот Андреј Новаков

Градоначалникците од истокот, интензивно ги градат врските на развј на регионот и соработка во реализација на проекти.

Градоначалникот Пекевски, заедно  со Градоначалникот на Општина Пехчево и Општина Делчево, остварија работна средба со бугарскиот европратеник Андреј Новаков.

 

Целта на средбата беше,  продлабочување на соработката на општините од регионот со општини од соседна Бугарија и поголемо искористување на средствата од европските фондови.

Европратеникот Новаков  ги предочи можностите кои се отвораат за аплицирање со проекти од областа на инфраструктурата или меки мерки, преку новите фондови, кои досега  не беа достапни.

Трите општини, како микрорегион, ќе имаат можност за аплицирање со разработени проекти, посебно од областа на туризмот, да го развиваат регионот користејќи европски фондови.

Европратеникот Новаков  го потенцираше значењето на фондовите и најави повеќе средства од европските фондови за Македонија.

,,Се радувам што успеавме да се видиме со градоначалниците од Берово, Пехчево и Делчево и сакам да истакнам дека во иднина, средствата ќе бидат многу поголеми за општи проекти за соработка, но ќе има и европски програми  кои можат да се користат  од општините и од младите, од образовните институции, претпримачите и верувам дека искористувањето на тие средства ќе биде од корист на двете страни,'' - истакна европратеникот.

Градоначалниците истакнувајќи ги своите приоритети, ги согледуваа можностите за делување на регионално ниво и решавање на проблеми од големо значење и за општините поединечно, но и за регионот.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии