Насловна Актуелно Вести Успешен настап на ,,Ратевските Бамбурци’’ на карневалот ,,Сурва 2019’’ во Перник, Бугарија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Успешен настап на ,,Ратевските Бамбурци’’ на карневалот ,,Сурва 2019’’ во Перник, Бугарија

 

,,Ратевските Бамбурци’’ , амбасадори на беровската традиција.

Претставници на групната маска ,,Ратевски Бамбурци’’, неодмна учествуваа на еден од најголемите балкански карневали ,,Сурва 2019’’ во Перник, Република Бугарија, каде што одлично ја претставија ратевската традиција, стара повеќе од 600 години.

 

,,Ратевските Бамбурци’’ имаа вистински униктно претставување, меѓу осум илјади маски во Перник и доста позитивно беа прифатени од публиката.

Интересно е да се напомене дека во групата маски под кожи, на овој карневал беровската традиција ја помовираа и неколку девојки облечени во народни носии, карактеристични за Малешевското поднебје.

Претседателот на Здружението на граѓани ,,Ратевски Бамбурци’’, Драган Аговски, задоволен од претставувањето на групата Бамбурци, истакна дека учеството на овој карневал е големо искуство, со оглед на тоа што се врбојува во групата на најголеми и најреномирани карневали на Балканот.

Финансиската подршка е многу важна во унапредување на карневалот ,,Ратевски бамбурци’’, но сепак и искуството со учество на вакви карневали значи премногу- додаде тој.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии