Насловна Актуелно Вести Беровски средношколци престојниот викенд ќе заминат во посета на Брисел

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Беровски средношколци престојниот викенд ќе заминат во посета на Брисел

 

Вкупно 6 ученици од ОСУ,,Ацо Русковски’’ од Берово, престојниот викенд ќе заминат во Брисел, во посета на Европската престолнина.

 

Учениците ќе се запознаат со работата на Европскиот парламент и европските пратеници, начинот на донесување на одлуки, ќе имаат дирекни средби со европртениците, а ќе имаат можност и за прошетки и запознавање на околината.

Учениците од Берово, заедно со ученици од Делчево, Македонска Каменица и Виница, ќе заминат во посета на Брисел од 4ти до 6ти февруари.

Посетата на Европскиот парламент се реализира на покана од подпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, а патувањето е финансиски подржано од д-р. Милен Врбевски преку Фондација ,,Българска Памет’’ од Софија.

Организаторот на ова патување, Венци Димитровски од Делчево, истакна дека со вакви организирани посети на ученици ќе се продолжи во периодот што следи.

Во рамките на месец април, согласно планираната прогрма во посета на Брисел ќе замине втора група ученици, во која ќе бидат вклучени ученици од Берово и Пехчево.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии