Насловна Актуелно Вести Одбележување на Водици во Берово, и населените места

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одбележување на Водици во Берово, и населените места

Александар Матиќ, оваа година е среќникот, кој помеѓу 20-тина Беровчани, успеа прв да стигне до светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово.

Светиот крст во с. Смојмирово го фати Илија Предарски, во с. Ратево - Ѓорѓи Ременски, во с.Мачево - Златко Видински, во с. Будинарци - Александар Чутревски, во с. Русиново - Тони Белчовски, во с. Митрашинци - Ѓоко Чепарковски, во с. Владимирово - Кристијан Богдански и во с. Двориште - Христијан Младеновски.

 

Чинот на осветување на водите го водеа свештеници од црквата во Берово и во населените места.

 

Честитки до сите оние кои храбро скокнаа во водите, да ја пробаат својата среќа упати Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој ја искористи приликата на сите граѓани на Општина Берово да им го честита големиот христијански празник Богојавление(Водици), денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Со тоа му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии